Скопје

Стојкоски: Нова канализациска мрежа во Волково

„Со интензивно темпо продолжуваме да градиме нова инфраструктура за жителите на Ѓорче Петров. Моите сограѓани конечно добиваат квалитетни услови за живот, по високи стандарди“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој посочува:

„Извршив увид во градежни активности на крак на улица “35” во Волково, каде се поставува нова канализациона мрежа во должина од 250 метри. Со овој проект се обезбедуваат достоинствени услови за живот на нашите сожители. Се обезбедува соодветен третман на одпадните води и се избегнуваат несакани последици по домовите на нашите граѓани. Во наредниот период ќе продолжиме со напорна работа. Нашите сожители заслужуваат подобри услови за живот.
Децениските проблеми стануваат минато! Граѓаните ќе живеат во урбани услови. Тоа е нашата тенденција, Ѓорче Петров да стане урбано јадро и да немаат повеќе проблеми со елементарни прашања“.

На почеток