Скопје

(Видео) Вардариште гори, цел Аеродром труе

Од попладневно гори депонијата Вардарише, а жителите на Лисиче и Аеродорм дишат канцероген воздух. Тие живеат иста приказна со години. Гневни се бидејќи воздухот е загаден, мириса на изгорено, а притоа е и штетен за здравјето.

„15 години секој ден палат на исто место, палат кабли за бакар а цел Аеродром се труе, 15 години истите палат, нема поканцерогено од запалена пластика од каблии“, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.

Според последните информации, тројца пожарникари го гаснат пожарот со едно возило. На терен има и полциија.

На почеток