Децата учат јазици од серии, поентата е да зборуваат, а не да учат граматика, вели министерката Јаневска најавувајќи дека ќе нема учебници за странски јазици во септември
„Поентата децата да разбираат, а не да учат граматика на страниот јазик за нив“. Вака министерката за образование Весна Јанчева го правдаше тоа што во септември нема да има учебници за децата кои изучуваат странски јазици. Според неа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.
„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска.
При посетата на Булачани, Јаневска кажа дека другите учебници ќе бидат навремено доставени до учениците.