Некатегоризирани

Владата потклекна под притисок на јавноста, Афрона Верзиволи утре ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите

Под силен притисок и револт на јавноста, Владата се огласи со соопштение и најави дека утре ќе ја разреши Афрона Верзиволи.

Таа беше само десет дена Десет дена на функцијата главен ревизор за ИПА фондовите.

Таа нема ревизорско искуство и соодветен ревизорски сертификат а на местото дојде како кандидат на ,,Вреди”.

„Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиот период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ)“, стои во соопштението од Владата.

Од „Вреди“ пак не се откажуваат од својот предлог и ќе чекаат таа да го добие сертификатот.
Тие велат дека уште пред неколку дена го повлекле именувањето на Афрона Верзиволи како ревизор на ИПА фондовите. Коалицијата сега привремено ќе понуди замена на Верзиволи.

,, Не е доволно разрешувањето на ревизорката, министрите да сносат одговорност, бара Алијанса за Албанците.

На почеток