Македонија

Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од УЈП и Царина, парите што се краделе од СДС и ДУИ, вели власта

„Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од УЈП и Царина, парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот“ вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Царинската управа во месец јули наплатила речеси 12 милијарди денари приходи, а УЈП над 13.4 милијарди.

Наплатата и од УЈП и од Царина е рекордна. Парите кои до сега се краделе, сега наместо во приватни џебови завршуваат во државната каса.

Со одговорно и домаќинско работење може да се закрпат дупките во буџетот, а потоа и да се тргне засилено напред.

Од само еден месец работа под ВМРО-ДПМНЕ на органите кои ги собираат државните приходи се гледа разликата, а таа допрва ќе биде повоочлива.

На почеток