Македонија

Панделевски и „Пелистерка“ добитници на наградата „World Vision 2024“

Пелистерка е македонски и регионален бренд кој во наредниве години ќе прерасне во европски, а очекуваме продажбата односно приходите од извоз да ги надминат приходите од продажба во Македонија имајќи предвид дека веќе сме присутни со продажба во 24 земји, истакна Панделевски во неговото обраќање по повод добивањето на наградата во Куќата на Уранија на МАНУ, во Охрид.

Наградата на Пелистерка и Панделевски им беше доделена на свечената церемонија во Охрид, каде што оваа година лауреат и добитни на Светската награда за хуманизам, од страна на Охридската академија за хуманизам годинава беше Принцот на Црна Гора Никола Петровиќ Његош.

Настанот се одржа во присуство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, амбасадорот Јордан Плевнеш како и лауреатот Принцот на Црна Гора Никола Петровиќ Његош.

Наградата „World Vision 2024“ е од особено значење на мене како стопанственик кој работи во Македонија над 35 години, рече Панделевски во своето обраќање. Панделевски пред присутните гости зборуваше за неговите почетоци со трговијата, па следува инвестициите со купување на „Пелистерка“, а подоцна и ЗК Пелагонија. Посебно сум горд на процесите на производство во ЗК Пелагонија потенцираше Панделевски, односно на заокружување на еден голем економски систем кој покажавме дека може да функционира во Македонија со формирање на првите биогасни централни кои се вистински пример за оддржување на циркуларна економија односно самодржливо производство на житни култури, кои пак се главна исхрана на млечните крави, чиј отпад е основно гориво во биогасната централа од каде се добива електрична енергија од обновливи извори, па се до топлина за стакленици и производство на градинарски култури и ѓубриво кое повторно се враќа на земјоделските парцели задржувајќи го хумусот и зголемувајќи го производството. ЗК Пелагонија е најголемиот производител на стратешки прехранбени производи во Македонија, пченица и млеко.

Поздравно обраќање на настанот имаше Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а наградата на добитникот Никола Петровиќ Његош ќе му ја врачи Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Овој настан се организира во соработка со Институтот за културно наследство и археологија на Македонија, а беа доделени и специјални повелби на хуманизмот на Претседателот на Институтот за уметност од Чикаго, Ролф Ахилес, Амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, поранешниот амбасадор на Франција Н.Е. Жан-Клод Шлумберже, како и на Панче Велков, директор на Музејот на Град Скопје и на Фондацијата „Македонида“, која објавува значајни дела посветени на македонската духовна историја.

На почеток