Македонија

На патот Охрид-Ресен, мотоциклист заврши со повреди – однесен е во болница

Фото: Илустрација

На 10.08.2024 година во 18.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, во атарот на село Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од А.А.(48) од Ресен и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистраски ознаки, управувано од П.Т.(49) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На почеток