Во два ресторани во Скопје, „летале“ боксови
Од
Објавено на
На 10.08.2024 година во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.В.(20) и С.М.(36) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.08.2024 година во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(44) и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.