Скопје

(Видео) Еве како градот го загадува Вардар: цела скопска канализација директно во река

Скопјанецот и македонски артист Марко Џамбазоски, објави снимка од која се гледа како отпадни води се влеваат во Вардар. Тој посочува дека ова е начинот на кој, реката се претвора во канализација. Ова се случува бидејќи проектот за пречестителната станица финансиран од странски пари, никако да мрдне од место.

„Еве како градот го загадува Вардар. Целата скопска канализација, непрочистена, директно во река. Еден од ретките европски градови кој во 21 век сè уште нема пречистителна станица, ама битно десетици години ја ветуваат“, напиша Џамбазоски.

На почеток