(Видео) Арсовска избега од јавноста! Тргна да се слика, застана, па замина!
Данела Арсовска скришум, без најави, тргна да прави увид на градежни работи во скопско Волково. Но, не направи фотосесија, откако ја виде екипата на „Скопје1“. Наместо одговори зошто градот тоне во долгови, смрдеа, нечистотија и нефункционалност – таа му даде насока на шоферот да тргне и да избегаат од локацијата. Заедно со неа, во автомобилот, беше и советничката Ирена Витина.
„Скопје1“ проба да ја добие и телефонски Арсовска, но таа не одговараше. Нејзиниот тим извиси, а ја чекаше од 09 часот да стигне. Откако Арсовска брутално ги одмина, без поздрав и во брзање со службениот „пасат“, заминаа и тие. Дел беа од фирмата „Жикол“, која е изведувач, други пак градежни службеници од Град Скопје.
Скопјани за нејзе велат дека треба да ѝ е срам да се појави во јавност.
Куп скандали се врзуваат со Арсовска и нејзиното мандатување со Градот Скопје. Од нејзе и јавно се бара оставка, во спротивно најавуваат и протести. Нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди во поткастот „Претрес со Ландов“ тврдеше дека во Градот се местат тендери, се постапува спротивно на законите, а Арсовска врши и тортура врз вработените – кои „плачат“ од неа.
Арсовска должи одговори и за долгот кој го направила во Град Скопје и го зголемила за шест пати, за што „Скопје1“ поседува документи. Јавните прашања до неа се и дали ќе негира поврзаност со запаленото возило сопственост на фирма, кое го управувал и Драган Митковски-Книга, соработник со кој таа се скарала пред скоро време.
View this post on Instagram