Македонија

„Донеле одлука дека нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија“, политичарот Меџити соопштува судска одлука која уште не е конечно донесена

Блерим Рамадани не треба да биде екстрадиран во Србија, одлучиле судските истанци, според вицепремиерот Изет Меџити, кој се обрати од партиската говорница на „ВЛЕН“. Тој не сакаше да го коментира бегството, ама сакаше да каже дека Рамадани кој се бара за воени злосторства од Србија, е слободен човек. Се повика на одлука на Судскиот совет, иако ова тело нема никаква поврзаност со тоа дали екстрадицијата на Рамадани ќе биде дозволена или не.

„Знам дека Судскиот совет донел одлука дека аргументите на Србија не држат и нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија. Тоа е веќе трета одлука, тоа станува судска пракса. Таа судска пракса веројатно треба да не насочи да делуваме како сите европски држави. За овој период, Србија дава неточни информаци кои не треба да се сфатат сериозно во иднина“, рече Рамадани.

Интересно е што на денешната седница на Судскиот совет не беше соопштено, ниту може да биде соопштено од нив дека екстрадицијата на Рамадани не е одобрена или одобрена. Дотолку повеќе што конечната одлука ја носи Врховниот суд и истата според информации на „Скопје1“ до овој момент не е донесена.

Според Законот за меѓународна соработка во правната материја, кога советот на Кривичен суд ќе пресече дека не се исполнети законските претпоставки за екстраиција, носи решение со кое тоа го утврдува. Но, решението по службена должност се доставува до Врхвеон суд, кој по добиено мислење од јавен обвинител може да го потврди, укине или преиначи. Ова значи дека последната одлука ја носи Врховниот суд. Дотолку повеќе, што информациите на „Скопје1“ се дека советот на Кривичен и обвинителот од кој се барало мислењето имале спротиставени ставови. Обвинителот сметал дека се исполнети законските услови за екстрадиција на Рамадани во Србија.

„Предметот не е дојден до нашиот суд“, велат кусо од Врховен суд за „Скопје1“.

За потсетување, Блерим Рамадани избега благодарение на судската одлука на судијата Пајазит Пајазити, кој го извади од зад решетки и му одреди куќен притвор. За него е формирана комисија која ќе го испитува постапувањето.

На почеток