Подигнати 170 кубни метри отпад од диви депонии во Општина Чаир
,,Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската
општина Чаир.
Активностите се реализираа на улицата Славеј планина – во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада.
Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) – на игралиштето спроти Амбасадата на САД, што веќе подолг период претставува т.н. „црна точка“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.
По подигнувањето на отпадот, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија рачно миење на локациите.”, информираат од ЈП Комунална хигиена Скопје.