Скопје

(Видео) Контролор на ЈСП се заканува на патничка: Да беше маж, ќе беше тепан, седи мирна!

Снимка од која се слуша како контролор на ЈСП се заканува на девојка со реченицата: „Да беше маж ќе те тепав“, стигна до „Скопје1“. Од неа, се слуша непримерно однесување и закана од контролорот, а откако, патичката одбила да плати карта со укажување дека автобусот го чекала 50 минути и доцнел, а нејзината плата не и дозволува да се вози со такси.

„Ти да си маж, нема вака да поминеш, биди сигурна!“, и вика контролорот на патничката, а таа го прашува: „Ќе ме тепаш?“, на што тој враќа: „Сто осто маж ќе биде тепан!“.

Патничката го прашува: „Сакаш да те снимам сега?!“, на што контролорот на висок тон продолжува: „Ало, да е маж ќе го тепам биди сигурна, ти кажувам“. Патничката во останатиот дел од снимката ми посочува на контролорот му кажала работи за ЈСП кои побарала да ги пренесе до Централа, дека не се бунтува само таа, туку и други патници, на што тој и приоѓа и вели: „Пшш, седи мирна!“.

Дополнително, друг контролор почнува да се жали: „Дали зимаме плата или не зимаме, никого не го интересира!“.

Целата драма се одвивала во средата (14.08) во автобус кој се обраќал на линија 4А. Останатите патници сведочат дека контролорот бил дрзок и безобразен кон патничката. Патничката сакала да го сними инцидентот, но не можела.

Инцидентот доаѓа во време кога жителите на Скопје чекаат и повеќе од еден час да дојде автобус, а тие се расипуваат низ булеварите, неретко и се запалуваат. ЈСП кубури со кадар, со нафта, но и со делови. Револт поради неисправните автобуси има и кај вработените.

За случајот, „Скопје1“ го извести и директорот Драган Кушовски, кој веднаш одговори дека ќе направи проверки и ќе информира за резултатот од истите.

На почеток