(Фото) Данела назначи кадар на ДУИ за нов директор на „Паркови и зеленило“: не одговара која е нејзината врска со Блерим Беџети
Кадар на ДУИ е нов директор во „Паркови и зеленило“ по избор на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Од пред два дена, Јетон Бучи го преземал кормилото на градското претпријатие, со градоначалнички потпис. Негова промоција не направи Град Скопје на социјалните мрежи, но направија членовите на ДУИ преку партиските профили.
„За директор на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’ е именуван Јетон Бучи“, пишува еден од профилите на ДУИ.
„Скопје1“ за врската меѓу Блерим Беџети и Арсовска постави и прашања до Град Скопје, но не добивме одговори. Таму прашавме, кој е договорот меѓу пратеникот на ДУИ, Беџети и скопската градоначалничка, но и зошто кадри на ДУИ ги добиваат директорските позиции во претпријатијата. Овие прашања ги поставивме ден пред Бучи да биде назначен за директор – но како и секогаш, не добивме одговор.
Професионалното портфолио на Бучи останува тајна за јавноста, бидејќи за него, до овој момент, од ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје, не е објавен ниту збор. Но, затоа, лесно достапно преку социјалните мрежи е дека Бучи сака да се фотографира со експратеникот на ДУИ, Артан Груби.
Интересно е што Арсовска се здружила со кадарникот на ДУИ, иако таа во кампањата за парламентарните избори посочуваше дека ќе го врати името Македонија и е против уставни измени, а токму Бучи се залагал за спротивното. На неговиот профил, не може да се најде ниту збор напишан на македонски јазик.
Претходниот директор на „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, крена раце од Арсовска и поднесе оставка.
За ова објави „Скопје1“, па неколку дена подоцна, Арсовска излезе со став дека таа го разрешила и дека немало оставка. Дека ова е неточно, повторно објави „Скопје1“, заедно со документот до кој дојдовме преку архивите на Град Скопје.
Ваквите потези на Арсовска доаѓаат во време кога скопјани бараат оставка од нејзе, бидејќи ја сметаат за неспособна да се справува со проблемите и да го води градот. Истовремено, таа се крие од јавноста и бега од неа. За тоа сведочи и вчерашниот нејзин потег, кога застана, па замина откако ја виде екипата на „Скопје1“.
БОНУС ВИДЕО – АРСОВСКА БЕГА!
На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски – па сега и е посакуван соговорник и во него гледа спас.
Вртикапа: На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски – па сега и е посакуван соговорник