Македонија

Почина пациентка која со Ковид не била примена на Инфективна и Карил

Попладнево починала пациентка која била во тршка здравствена состојба со Ковид, но не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника. СДСМ денеска алармираше дека има проблем со приемот на Ковид пациенти на кои што им е потребен респиратор на интезивна нега во Инфективната клиника, но не била примена.

Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а не била примена ниту на Карил по што починала.

,,Ова е скандал за кој мора да има одговорност.Итно мора да излезат директорите на Карил и Инфективна клиника и да одоговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот”, велат од СДСМ.

Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат. Исто така, бараме министерството веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника. Ова е прв случај, но може многу лесно да имаме нови жртви.

На почеток