Свет

Нови обвинувања од Москва: Без поддршка од САД, Украинците не би можеле сами

Без поддршка од САД, Украинците не би можеле да извршат саботажа на рускиот гасовод Северен тек во Балтичкото Море, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Дури и Украинците да учествуваа во ова, јасно е дека не можеа сами. Јасно е дека за да се изврши таков напад, наредбата требаше да дојде од највисоко ниво, и од навистина највисоко ниво, бидејќи Западот е, се разбира, Вашингтон“, рече тој е Лавров, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Германија мора да одговори на сите прашања покренати од Русија во врска со нападите на гасоводите Северен тек 1 и 2 во 2022 година.

„Прво, мора да престанат категорично да одбиваат да ги соопштуваат фактите кои не можеа да не ги откријат однапред“, рече Лавров.

Германија во јуни издаде европска потерница за апсење на украински инструктор по нуркање, бидејќи според истрагата тој бил дел од тимот одговорен за експлозијата на гасоводот, објавија германските медиуми пред пет дена.

Германската истрага се сомнева дека Володимир Зеленски, заедно со уште тројца нуркачки инструктори, испловиле на брод од Росток во септември 2022 година, по што нуркале во близина на гасоводот Северни Ток и поставиле експлозив.

Полските полициски власти, кои наводно се обиделе да го уапсат Володимир Зеленски во Прушково кај Варшава, не го нашле, а се покажало дека благодарение на невештото на германските службеници (кои не испратиле соодветна белешка заедно со налогот), тој ја преминал полската граница со Украина, објавија на 14 август, германските медиуми.

Лавров денеска изјави дека „целата оваа операција е дизајнирана на некој начин да го сврти вниманието на јавноста, како во Германија, така и во целиот свет, од вистинските сторители, виновници и крајни корисници на овој терористички чин“.

„Ќе инсистираме на транспарентна меѓународна истрага“, продолжи тој.

На почеток