Напад со нож во Манчестер: Убиена жена, ранети тинејџерка и маж
Едно лице е убиено, а две се тешко ранети во напад со нож во Манчестер, Англија, денеска нешто по полноќ, пишува Daily Mail.
Полицијата и медицинските екипи биле повикани во станбена зона во Гортон околу 12.20 часот по дојава за прободување.
Една жена (43) е убиена, додека девојка (17) и маж (64) се пренесени во болница со повреди опасни по живот.
Маж (22), за кој се верува дека им е познат на жртвите, е уапсен под сомнение за напад и ќе остане во притвор.
Полициската управа на Манчестер денеска потврди дека жената починала од повредите.
„Три лица беа избодени со нож во Бернард Роуд, во областа Гортон, по што следеа бројни повици од луѓето од областа. По пристигнувањето, полицајците, вклучително и специјалните сили, пронајдоа три лица со тешки повреди. За жал, жената починала на лице места, а останатите двајца со повреди опасни по живот се пренесени во болница“, се вели во соопштението на полицијата.