Силен земјотрес го погоди Пакистан: Населението во паника
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава погоди делови од Пакистан и предизвика паника кај жителите, а се уште нема извештаи за штета, соопштија властите.
Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, претежно муслимански регион кој е поделен меѓу Индија и Пакистан, пренесува АП.
Според Националниот центар за сеизмички мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.
Земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од Пакистан. Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во 2005 година загинаа 20.000 луѓе во Пакистан и Индија, потсетува АП.