Свет

Нападнат Израел: Истрелани 40 ракети

Околу 40 ракети биле истрелани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската висорамнина, соопшти израелската армија.

Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.

Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко во либанска територија.

Во тој напад е убиен истакнат оперативец на Хезболах, наведува израелскиот портал.

На почеток