Свет

Загина 19-годишно момче во забавен парк во Пефкохори

Младо момче (19) загинал откако паднал во забавниот парк во Пефкохори, Халкидики. Несреќата се случила кога му пукнало седиштето на уредот на кој седел. Брзата помош пристигнала брзо, но момчето не можело да се спаси.

Младото момче дошол со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк да се забавуваат. Во еден момент му пукнало седиштето на апаратот на кој седел. Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница, но набрзо по приемот била констатирана смрт.

Полицијата веднаш реагирала и го привела сопственикот на забавниот парк, пренесува „Блиц“.

Истрагата ќе покаже дали несреќата е резултат на човечка грешка, технички дефект или несоодветно одржување.

На почеток