Свет

(Видео) Јахта потона за минута во близина на брегот на Сицилија, шест лица исчезнати

Објавена е снимка од надзорна камера која го прикажува моментот непосредно пред потонувањето на луксузната јахта што потона во понеделникот наутро во близина на брегот на Сицилија во Средоземното Море.

Според очевидци, бродот потонал за помалку од една минута, а италијанската новинска агенција АНСА потврдила дека не е можно да се спаси.

Се уште се трага по шест лица исчезнати по потонувањето на јахтата, додека телото на готвачот е пронајдено.

Меѓу исчезнатите се и сопственикот на јахтата, британскиот технолошки тајкун Мајк Линч и неговата 18-годишна ќерка Хана. Сопругата на г-дин Линч, Ангела Бакареш е меѓу 15-те луѓе кои беа спасени.

Продолжува потрагата по Џонатан Блумер, претседателот на банката Морган Стенли, Крис Морвила, адвокат во големата компанија „Клифорд Ченс“ и нивните сопруги Џуди Блумер и Нед Морвила.
Во тек е голема операција за пребарување, во која учествуваат крајбрежната стража, пожарникари, нуркачи и хеликоптери.

На почеток