Еден од загинатите во синоќешната трагедија на регионалниот пат Гостивар – Кичево е газда на синџир аптеки
Познат идентитетот на загинатите во синоќешната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар – Кичево.
Тургај Ризванче е сопственик на синџирот аптеки Ризванче и Бекир Хоп кој е сопственик на сервис за часовници во Гостивар, се двете лица кои загинаа во несреќата во четвртокот вечерта.
Возачот на возилото марка БМВ Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.
Со телесни повреди се здобил возачот на камионот, косовски државјанин со иницијали А.Т.
„Синоќа во 21:20 часот на СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и тешко товарно возило „сканија“ со косовски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Б.Х. кој починал на лице место и сопатничката Т.Р. (53) од Гостивар, која по несреќата била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде им подлегнала на повредите и починала. Возачот на камионот се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител.”, информираат од СВР Тетово.