Свет

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случи рано утринава во близина на грчкиот остров Родос.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 26 километри југозападно од Катавија, а длабочината на фокусната точка е проценета на 28,8 километри, соопшти Геодинамичкиот институт.

Засега нема информации за штети.

На почеток