(Видео) Експлозии и пожар во руската воздухопловна база
Во текот на изминатата ноќ во рускиот град Калах на Дон во регионот на Волгоград се слушнале експлозии, најверојатно предизвикани од напад со дрон. По експлозиите избувнал пожар на блискиот аеродром. Волгоградската област се наоѓа на околу 900 километри југоисточно од Москва.
Се верува дека цел на нападот била воздухопловната база Мариновка во селото Октјабрски, на приближно 20 километри од Калах на Дон. Сведоците од околните области пријавиле дека слушнале меѓу шест и десет силни експлозии за време на нападот, придружени со карактеристични звуци на беспилотни летала, објавија повеќе руски Телеграмски канали.
Absolutely nothing has happened this morning at Russia’s Marinovka air base near Volgograd, calm down. pic.twitter.com/UbiCR5OF8a
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) August 22, 2024
Жителите на Калах на Дон почнале да известуваат за експлозии околу 3:30 часот по локално време. Телеграмскиот канал База објави дека еден од дроновите наводно бил пресретнат на неколку километри од аеродромот, додека остатоци од вториот дрон паднале на блиската зграда и предизвикале пожар.
Ukrainian drones successfully attacked russian military airbase #Marinkovka in Kalach-on-Don raion, Volgograd oblast. Local residents reported hearing approximately 12 explosions around 3:30 am that started multiple fires.
Currently, the eyewitnesses observe smoke and munition… pic.twitter.com/bdIKOGcg6o
— Olga Klymenko (@OlgaK2013) August 22, 2024
Локалните власти не соопштуваат никакви информации за нападот. Украинските сили редовно вршат напади со беспилотни летала и диверзантски акции на руска територија, насочени кон воени средства, нафтени рафинерии и индустриски капацитети.