Свет

(Видео) Трамп на митингот заштитен со стакло отпорно на куршуми

Отсега, Дoналд Трамп своите говори на собири на отворено ги одржува зад стакло отпорно на куршуми, јавува Би-Би-Си.

Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат зборуваше во Северна Каролина, негов прв митинг на отворено по обидот за атентат врз него во Пенсилванија минатиот месец.

На собирот беа присутни силни безбедносни сили, а забележлив беше и голем број снајперисти.

На почеток