Пронајдени четири тела по превртување на чамец на Дрина: Продолжува потрагата по исчезнатите
Од
Објавено на
Телата на четворица удавени лица се пронајдени во Врхпоље кај Љубовија, откако чамец се превртел рано утринава во Дрина.
Се претпоставува дека се работи за мигранти кои биле во чамецот кој се превртел утрово.
Удавениците биле забележани од припадници на Цивилната заштита на РС во Братунац кои заедно со своите колеги од Србија, РС и Босна и Херцеговина трагаат по исчезнатите.
Акцијата ја водат полициски екипи од двата брега на Дрина.