Свет

Инцидент на аеродром во Мелбурн: Еден патникот веднаш приведен

На аеродромот во Мелбурн денеска бил приведен патник откако излегол од авионот преку излезот за итни случаи, преминал преку крилото и потоа се спуштил со моторот на авионот на пистата, соопштија официјални лица.

Авионот Џетстар пристигнал на аеродромот во Мелбурн од Сиднеј и застанал на капијата за поаѓање кога еден патник се симнал од авионот преку излезот од десната страна, соопшти компанијата, пренесе АП.

Наместо да го користи механизмот за спуштање на авионот кој автоматски се активира кога ќе се отвори излезот за итни случаи, патникот одел по крилото на авионот и се спуштил со еден од моторите на Ербас А320 на пистата.

Патничката Одри Варгезе за локалната телевизија изјавила дека другите патници се исплашиле кога човекот почнал да се однесува „лудо“ пред да го отвори излезот.

Припадниците на австралиската федерална полиција го уапсиле мажот поради „агресивно однесување и прекршување на протоколот за безбедност на воздушниот сообраќај“.

Тој е префрлен во болница каде ќе биде на понатамошно набљудување, соопшти полицијата. Истрагата за инцидентот продолжува, а во текот на денот најверојатно против патникот ќе биде поднесена кривична пријава, се додава во соопштението.

На почеток