Свет

Општина Сански Мост прогласи тридневна жалост: Состојбата на убиецот е стабилна

Локалните власти на општина Сански Мост донесоа одлука да прогласат тридневна жалост по свирепото убиство на тројца вработени во Мешовитата гимназија на ова место.

„На седницата на колегиумот на Советот на општина Сански Мост денеска беше донесена одлука да се прогласи тридневна жалост поради трагичниот настан што се случи вчера во Гимназијата Сански. Исто така, одлучено е утре во 11 часот да се одржи комеморативна седница во спомен на Нијаз Халиловиќ, Нисвета Кљуниќ и Гордана Миџан во просторот на киносалата“, соопштија од општина Сански Мост.

Сараево N1 телевизија дознава дека прогласувањето на жалост се разгледува и на ниво на БиХ, за што треба да одлучува Советот на министри на БиХ.

Осомничен за тројното убиство во училиштето во Сански Мост е Мехемед Вукалиќ, кој по делото се обидел да се самоубие. Тој е префрлен во Универзитетската болница на Република Српска, каде му е извршена операција и неговата здравствена состојба денеска е стабилна.

На почеток