Ќе и ги изгласаме програмите и нема да се смени ништо – Арсовска е единица мерка на личност која создава непријатели, рече Мицкоски
Од
Објавено на
Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ги замоли Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје да ги изгласаат програмите кои Данела Арсовска ги бара, но тврди дека состојбата во Скопје ќе остане иста.
„За Арсовска премногу се кажа периодов. Би кажал дека е единица мерка на личност која создава непријатели, наместо пријатели. Тоа не е добро, доколку и значи мојот совет“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ќе ги замоли советниците да ги изгласаат до програмите, но не е до нив.
„Тие програми кои не и се гласаат, да и ги изгласаме, но да видите дека нема ништо да и се смени. Да не биде тоа повторно причина дека ВМРО-ДПМНЕ кочи“, додаде Мицкоски.