Во Струмица пристигнуваат десетте електрични автобуси, на 11 септември ќе почнат со пробно возење
Од
Објавено на
Директорот на ЈП Струмица Транспорт Драги Поп Стојанов најави дека од 1 до 6 септември е договорено 10 електрични автобуси да стасаат во Струмица.
Електричните автобуси се набавени од „Аутомакедонија“ по пат на финансиски лизинг. Чинат 7 милиони евра.
ЈП Струмица Транспорт набави и 6 полначи во вредност од 230 илјади евра. Во меѓувреме се спрема автобазата каде што ќе се паркираат автобусите.
На 11 септември ќе бидат повикани претставници на Министерството за транспорт и врски и на дипломатскиот кор, на почетокот на пробниот период на возење на автобусите.