Македонија

(Видео) Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира, вели Јанчев

Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието. Тој објасни дека инцидентот започнал по провокација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, којшто прв упатил навреди и ја спомнал сестрата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Вчерашниот инцидент настана за тоа дали премиерот Мицкоски треба да одговара на пратенички прашања и дали конкретно треба да биде повикан или не. Тој веќе беше во салата, беше повикан од нашите членови за опозициски прашања. Во моментот кога настана забуната, пратеникот од Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, беа упатени навреди и беше спомната сестрата на Апасиев. Нашиот левичарски нарав е таков – насилство не трпиме! Мене ми е жал за инцидентот, но беше спомната сестра, а за сестра се умира!“, потенцираше Јанчев

„Не сакаме да се случуваат вакви инциденти, но не се плашиме и никогаш нема да премолчиме на вакви реакции и навреди. Не се плашевме кога бевме двајца, не се плашевме во времето на Мијалков, а сега па воопшто не се плашиме“, кажа пратеникот од Левица

На почеток