Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.

— реклама —

Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.

— реклама —

“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција,  еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар  веќе се тука.  А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше.  Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле!   И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција.  И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја,  надвор од заштитата од УНЕСКО.  Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција  кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.

Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.

— реклама —

“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме,  5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 3 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања