Скопје

(Видео) Орце во Охрид ги посети децата кои Кисела Вода ги праќа на летување: Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење!

Децата кои доаѓаат од семејства со социјален ризик, заедно со спортистите од Кисела Вода и годинава се на летување. Мерката ја спроведува градоначалникот, Орце Ѓрѓиевски, кој отиде и да ги посети.

„Логорувавме, правевме скара, многу се забавувавме, возевме кајак, спортувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење, незаборавни спомени и вечни пријателства“, објави Ѓорѓиевски.

Тој посочува и: „Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас – ја имав таа чест во прво лице!“

Ѓорѓиевски посочува дека локалната влст се бори за секоја детска насмевка.

„Ова е она за кое се бориме, детската радост. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа“, додава градоначалникот.

На почеток