Силен земјотрес ја погоди Португалија
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди морската област во близина на Португалија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од девет километри под површината на морето.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 6:11 часот по средноевропско време, бил на 79 километри југозападно од градот Сетубал, кој има околу 120.000 жители.
Земјотресот бил почувствуван во радиус од 400 километри, а го почувствувале и жителите на Мароко и Шпанија, се наведува на веб-страницата EMSC.