(Видео) Голем напад во Русија: Погодени станбени згради, драматични сцени
Неколку лица се повредени во нападот со дрон на градот Саратов, а меѓу повредените една жена е во тешка состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот, изјави утринава гувернерот на Саратовската област Роман Бусаргин.
„За жал, има повреди. Една жена е хоспитализирана во тешка состојба, а лекарите се борат за нејзиниот живот. На другите им е укажана помош на лице место“, изјави Бусаргин, а пренесува РИА Новости.
Тој претходно изјави дека противвоздушната одбрана утринава уништила беспилотни летала над регионот на Саратов и дека остатоците од беспилотните летала паднале врз станбени згради во Саратов и Енгелс.
Од почетокот на нападот на Украина во февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на границата и централните делови на Русија.
Растојанието помеѓу Саратов и украинската граница е околу 450 километри.
WATCH: Drone crashes into high-rise building in Saratov, Russia pic.twitter.com/IIf1TU7ijg
— BNO News (@BNONews) August 26, 2024