Македонија

Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза, вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу. Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод одбележување на роденденот на Гонџа Бојаџи – Мајка Тереза денеска во 10 часот ќе учествува на манифестацијата „Светлината на Гоџа“ во спомен куќата и споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија.

На почеток