„Замислете што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата во криза, тоа ќе биде ‘Game over’“, Филипче го критикува Мицкоски
„Ужасна неспособност кај Мицкоски да се справи со сите предизвици“, ова го констатираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прашање дали оставиле празен буџет за да сега не може да се покачи минималната плата за работниците и наставниците. Според Филипче, СДСМ владеел без штрајкови, а ВМРО-ДПМНЕ ја политизира работата.
Според Филипче, ако СДСМ можела да најде пари во време на криза, тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаат изговори.
„Барањата за зголемување на платите потекнува од работниците. Премиерот мора да испланира како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците, а не да продолжува со политиките од едно друго време, кога работниците беа евтина работна сила“, рече Филипче.
Првиот човек на СДСМ, Филипче вели и: „Тие не можат да се снајдат во услови кога нема криза, а замислете што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата во криза, тоа ќе биде ‘Game over’“.