ОО

Второ издание на џез фестивал во Охрид

Во органоизација на Општина Охрид синоќа во предворјето на црквата Св. Софија започна Охридскиот џез фестивал.

Публиката уживаше во музиката на Драган и Ратко Даутоски, а пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.

– Во монументален амбиент во предворјето на вековитиот храм Св. Софија, ноќава со прекрасните звици на Драган и Ратко Даутовски го отвораме Џез фестивалот што се одржува втора година по ред во организација на локалнта власт.

Музиката е јазик кој го разбираат и е добатлив за сите, за стилот пак е дегутантно да се дебатира затоа што е одраз на вкусови. Јас верувам дека џез музиката како мешавина на африкански и европски музички традиции е убава за мнозинството затоа штo преку нејзе се запознаваме со две култури европската и африканската.

Песната и играта му претходат на пишаниот збор и се тесно поврзани со уникатноста на човековата култура. Развојот на музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на природните звуци како што се црцорот на птиците и звуците на другите животни. Праисториската или примитивна музика е поим кој се дава на сите музички форми кои настанале пред писменоста на културите. Значи од искона сме биле музикални и не можеме да го замислиме нашето секојдневие без нејзе.

А вечерашниов настан е само еден во низата културни случувања што се реализираат во организација на Општина Охрид и можеби единствен од ваков тип. По традиционалните: Балканскиот фестивал на песни и игри, Охридско Лето, Охридски хорски фестивал и мнозината помали секојдневни фестивали редот дојде на нешто поретко, невообичаено и уникатно. Џез фестивалот ја освежи културната слика на градов донесе Несекојдневни гости вљубеници на овој стил на музика кои вечерва ќе уживаат во прекрасните звуци на Даутовски, а утревечер во музикта на реномираното трио Наташа Миха- вокал, Дамир Имери- пијано и Иван Бежов –бас.

Ваква културна содржина му беше повеќе од потребна на нашиов град затоа и во иднина ќе продолжиме да го организираме овој фестивал со очекуваање да добие традиционален карактер и да биде привлечен за бројни посетители од земјава и странство.

На крај посакувам да имате прекрасна и незаборавна вечер со џез музика, а ние се гледаме живи, здрави и побројни до година –подвлече Крстеска.

Вечерва ќе настапи триото Миха. Наташа Миха- вокал, Дамир Имери –пијано и Иван Бежов –бас. Џез фестивалот се организира втора година по ред, а влезот за фестивалските ноќи е слободен.

На почеток