Гори во Србија: Прогласена вонредна состојба


Борбата со пожарите на планината Видлич и во нејзиното подножје, како и во селата околу Пирот и Димитровград продолжи и во текот на ноќта.
Пирот и Димитровград прогласија вонредна состојба на дел од нивните територии.
Како што јави РТС, најтешко е во околината на селото Крупац, над кое гори шума, а граѓаните направиле бариери за да не се приближи пожарот до куќите.
Жителите на селото Крупац кај Пирот со апел до сите кои можат да дојдат и да помогнат да не се прошири пожарот кон селото.
Неколку противпожарни возила се упатија кон шумата.
Тешко е и во селото Смиловци кај Димитровград, каде пожарот стигна на неколку стотини метри од манастирот Св. Кирика и Јулита, па одбраната на манастирот во моментов е приоритет, наведува РТС.
Борба со пожарот во текот на ноќта и во селото Басара кај Пирот, во чија околина гори борова шума.
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека вчера на отворени простори се евидентирани 179 пожари, а во моментов најголеми активни пожари се на територијата на Пирот, Кучево, Жагувица, Црни врв и Тара.
Припадниците на Секторот за вонредни состојби во последните седум дена интервенирале на 893 пожари на отворен простор, а за истиот период лани имале 393 одговори на отворени простори.
