Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар

,,Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура.

Граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.

Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство.

Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка.

Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните.

Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера!

Со докази ќе продолжиме и денеска да ја информираме јавноста за аздисаноста на лица од претходната власт. Ќе информираме како претходната влада на СДС и ДУИ ги трошеле парите на граѓаните изминатите 7 години.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток