Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета призна дека купувала со народни пари хулахопки и мечиња иако само таа знае која е службената потреба од нив, продолжуваме со други детали за аздисаноста

ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

,,Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Бисера Антоанета прво негираше, а потоа призна дека купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки и куфер. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?

Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, која ни помалку ни повеќе потрошила околу 52 илјади денари, сума со која живее четиричлено семејство цел месец.

Како и да е вакви појави не може да останат неказнети. Трошење на народни пари за лични потреби не е дозволено и тоа треба секому да е му е јасно.

Едно е јасно овој случај со Бисера Антоанета е само почеток. Денес продолжуваме да го откриваме расипничкото однесување на претходната власт.

Граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари и тоа никако не смее да се лични потреби на министри, функционери, затоа секој кој не го почитувал правото ќе одговара!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток