ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
Од
Објавено на
,,ВМРО-ДПМНЕ го честита на сите верници кои денес го слават големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Нека овој ден на сите донесе мир, благосостојба и радост во сите домови!
Ви посакуваме добро здравје и радост, а во духот на празникот ви посакуваме добрината и заедништвото да бидат водилка низ животот на секој човек.
Христијанските и цивилизациски вредности кои го водат светот кон подобро утре.
Го честитаме и денот на македонските рудари! Тоа се оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.
Нека е за многу години празникот!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.