Свет

Тело на бебе пронајдено во луксузна вила во Германија, полицијата ги истражува родителите

Лекар од Итна помош констатирал смрт кај бебе во импровизирана куќа во Гази Баба, бил извршен увид

Тело на бебе било пронајдено во луксузна вила во Германија, а обдукцијата покажала дека детето е родено живо, но било убиено уште пред да заплаче за прв пат.

Бебе е пронајдено мртво во сина кеса за ѓубре во гаража на луксузна вила во Берге, Долна Саксонија, а полицијата ги истражува родителите за убиство. Телото на новороденчето било пронајдено пред три недели, но дури сега се дознало за страшниот случај.

„Родителите се под истрага. Мајката на детето моментално е во болница, а не во притвор“, изјави обвинителот Александар Ретемејер.

Лена К. (34) е мајка на детето, пишува Билд. Според соседите, таа се вселила во вилата пред само неколку месеци. Живеела со нејзината десетгодишна ќерка – без татко. Гласините велат дека таа неодамна работела во кафуле во Оснабрик. Еден поранешен колега за Билд изјавил: „Таа е витка жена која одеднаш стана поисполнета. На сите ни беше јасно дека е бремена. Но, таа не ни го кажа тоа“.

Обдукцијата на бебето е завршена. Истражителите веруваат дека детето е родено во када, но никогаш не било извадено од водата.
„Во моментов истражуваме во сите правци“, рече вишиот јавен обвинител Ретемајер. Според информациите на Билд, се знае кој е таткото.

На почеток