Скопје

МВР дементира: Ниту е изречена казна, ниту е одземено цвеќе

Министерството за внатрешни работи најостро ја демантира лажната вест што ја шират дел од порталите за наводна казна и одземено цвеќе на, како што велат, “женичка во близина на Сити мол”.

Ниту е изречена казна, ниту е одземено цвеќе ниту станува збор за жена која продава.

Имено, по претходна анонимна пријава од граѓанин, полициски службеници излегле на лице место и го легитимирале Р.М. (19) од Скопје и за тоа е направена службена белешка, при што не е изречена казна и не е одземено цвеќе.

МВР апелира до граѓаните да се информираат од релевантни извори на информации и да пристапуваат критички кон порталите кои постојано продуцираат лажни вести.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток