Изгаснати 20 пожари во текот на вчерашниот ден, еден сѐ уште активен
,,Во текот на вчерашниот ден, четврток, 29.08.2024 година, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола е 1 и изгаснати се 20.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак (нискостеблеста шума и сува трева).
ПОД КОНТРОЛА:1
2. Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица (мешана шума).
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Студеничани 1: с.Љубош – с.Горно Количани кај каменолом Вртекица (ниска вегетација);
2. Општина Студеничани 2: над с.Црвена Вода, м.в.Краста (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
3. Општина Охрид и Ресен: планина Галичица;
4. Општина Струга 1: с.Драслајца – с.Биџево (сува трева);
5. Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);
6. Општина Куманово: Споменик Костурница (сува трева);
7. Општина Брвеница: с.Стенче, м.в.Папради (сува трева);
8. Општина Прилеп: с.Селце (сува трева);
9. Општина Долнени 1: с.Ропотово – с.Лажани (сува трева);
10. Општина Долнени 2: с.Десово – с.Дреновци – префрлен од с.Степанци, Општина Чашка;
11. Општина Лозово 1: с.Дурфулија – с.Каратманово (борова шума);
12. Општина Лозово 2: с.Ќоселари (ниска шума, грмушки и сува трева);
13. Општина Лозово 3: с.Милино (сува трева и трње);
14. Општина Сарај: с.Крушопек (ѓубре и сува трева);
15. Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (сува трева);
16. Општина Бутел: бул.Словенија (сува трева);
17. Општина Петровец: с.Ржаничино (сува трева);
18. Општина Арачиново: с.Арачиново (сува трева);
19. Општина Гостивар 1: нас.Млаки (сува трева);
20. Општина Гостивар 2: ул.Балиндолска (сува трева).”, информираат од ЦУК.