Скопје

Хаос во Скопје: Од понеделник нема да возат приватните превозници

Во понеделник, ќе настапи хаос со јавниот превоз на скопјани.
Во понеделник кога ќе започне новата училишна година, приватните автобуси најавија дека нема да сообраќаат.

На секоја линија ќе сообраќа по еден автобус само еднаш во денот, наутро или навечер, па на скопските улици ќе има помалку од 150 автобуси.

Причината за ова, како што наведуваат, е долгот на Град Скопје кон превозниците од 2 милиони евра, како и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот.

На почеток