Скопје

Познат скопски маркет казнет со 1000 евра, поради продажба на небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилени, вонредни инспекциски контроли во целата држава.

Познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна, храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања. Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, АХВ спроведе и вонреден инспекциски надзор во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за
отстранување на утврдени недоследности.

Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарница во Скопје поради пласирање на пазарот на небезбнедна храна или храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања.

На почеток