Утре да ја земеме слободата во свои раце, студентите повикуваат на генерален штрајк во Србија
Цела Србија утре, петок, на протест, студентите повикуваат на генерален штрајк.
„Утре мора да престане сé! Да ја земеме слободата во наши раце, вашето учество прави разлика“, се вели во повикот на студентите.
Тие ги повикаа сите граѓани на Србија целосно да ги прекинат активности.
На официјалната страница на Инстаграм профилот „Студенти на Технолошко-металуршкиот факултет“ е објавено што се подразбира под генерален штрајк, а има и насоки како граѓаните можат колективно да се придружат на штрајкот.
Студентите ги повторија барања:објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, отфрлање на кривичните пријави против студентите кои се уапсени и приведени на протестите, како и запирање на кривичните постапки, процесирање на лицата одговорни за нападот на студентите и професорите, како и нивно разрешување доколку се утврди дека се на јавни функции, како и зголемување на буџетот за високо образование за 20 отсто.
„Не одиме на работа, не одиме на часови, не ги извршуваме секојдневните работи. Да ја земеме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика. Под терминот „генерален штрајк“ овде се мисли на општа граѓанска непослушност“, велат студентите.
Студентите блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија, а поддршка фобија од наставниците, професорите, родителите, Адвокатската комора, од ректорот на Универзитетот во Белград, како и од познати спортисти и уметници.