Македонија

,,Нема оправдување – Покачете ги платите!“, СДСМ утре организира собир на наставници и просветни работници.

Под мотото „Нема оправдување – Покачете ги платите!“, СДСМ, преку Комисијата за образование утре, 1 септември, организира собир на наставници и просветни работници.

Собирот е закажан да започне во 11.30 часот пред Министерството за образование и наука.

На собирот ќе се искаже револтот од погрешните политики во образованието од страна на Владата на Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска.

„Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта да ги промени погрешните политики“, апелираат од СДСМ во повикот за собирот.

На почеток