Тешко повреден параглајдерист, побаран итен хеликоптерски транспорт

Од
Објавено на

,,Денес во 18.11 часот на 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.
Полицискиот Ми 171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево.”, информираше Стојанче Ангелов.
